ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Концерт на мешаниот хор КУД Стив Наумов – Битола

246

Утре, петок, 8 јули со почеток од 19 часот во фоајето од ЦК „ Марко Цепенков“ ќе се одржи концерт на КУД„Стив Наумов“ – Битола. На програмата се дела од македонски и странски автори: Гласом мојим ко господу возвах- А.Архангелски, Тебе поем – Д. Христов, Достојно ест – Ј. Коџобашија, К Богородице прилежно- А. Архангелски, Тебје појем – С.Мокањац,  Болналегнала – С.Гајдов, Македонска хумореска- Т. Скаловски, Рум, дум, дум- Д. Шуплевски, Голема чечкалица – Д. Пантич Велкович, When I fall in love – Kirby Shaw.
Мешаниот аматерски хор на КУД „Стив Наумов” – Битола е првиот, најстариот македонски хор, формиран само два дена по 4 ноември, денот на ослободувањето на Битола, односно на 6 ноември во 1944 година. Пред 75 години, борците на Седмата македонска ударна бригада – Битолска, сакајќи што побрзо да се чуе слободна македонска песна, на плоштадот во Битола и поддиригентство на Тодор Скаловски приредуваат музичка програма со хорски композиции.
Според архивата на КУД „Стив Наумов“ – Битола, по првиот концерт, десетици битолчани изразиле желба да се зачленат во мешаниот хор, кој од 1944 година до ден-денес без прекин работи во овој град. Но, битолчани барале место и во другите секции, кои тогаш и низ годините се формирале, како што биле играорната секција, рецитаторската и дувачкиот оркестар, потсетува Љубомир Трифуновски, актуелен диригент на мешаниот хор на КУД „Стив Наумов“ – Битола.
Во периодот од 1944 до 1969 година, освен Скаловски, диригенти биле и други лица, а од 1969 година, цели 50 години, со задоволство како диригент на хорот e Трифуновски, кој заедно со останатите членови ја пишува историјата на хорското пеење во Битола.
Секоја година работата на друштвото е значајна, но т.н. златен период се одвива во 1964 година, кога КУД „Стив Наумов“ во хорската секција има 120 члена, блех-оркестарот работи со 32 члена, народниот оркестар има 18, игроорната група е со 32 члена, забавниот оркестар – 16, хармоникашкиот оркестар – 30, мандолинскиот оркестар – 36, а во друштвото работат и 3 групи пионери и младинци хармоникаши, како и младинскиот оркестар со 25 члена.
Денес состојбата во КУД „Стив Наумов“ е идентична како и на самиот почеток од пред 75 години, бидејќи опстојува само мешаниот хор со 34 члена, кој, иако е аматерски, сепак функционира како професионален.Добитник е на многу награди и признанија како Орденот со сребрен венец и плакета потпишана од Јосип Броз Тито во 1975 година, највисокото македонско признание наградата „ 11 Октомври “, наградата „ Глигор Смокварски “ , највисокото признание на градот Битола „ 4 Ноември “ и многу други домашни и меѓународни признанија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: