ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пендаровски: Ќе бидам претседател на граѓаните и за граѓаните

572

Во посета на Прилеп денеска беше заедничкиот кандидат за претседател, Стево Пендаровски кој оствари средби со граѓани во прилепската чаршија, во неколку населби и населени места во општината. Кандидатот за претседател Стево Пендаровски во Прилеп се сретна и со членовите од Здужението на борци од НОБ и Бранителите, а средбите со граѓаните завршија во населбата Тризла.
Повеќе теми беа во центарот на вниманието со граѓаните: влезот на земјава во НАТО, европските интеграции и за тоа каков Претседател и треба на Македонија.
-Како претседател ќе се фокусирам на напредокот на државата и интересот на граѓаните. Граѓаните сакаат да одат на напред, на нашите граѓани им е смачено од поделби, им е смачено од кочење заради партиски интереси. Јас тоа нема да го дозволам и ќе се борам нашата земја да оди напред, истакна Пендаровски.
Граѓаните сакаат претседател кој ќе биде праведен и правичен. Кој ќе ја изнесе државата на вистинскиот пат. Вистински претседател за сите граѓани, кој ќе ги слуша потребите на граѓаните и кој ќе се залага за напредокот на државата.
– Ќе се фокусирам на напредокот на државата и интересот на граѓаните како претседател. Граѓаните сакаат да одат на напред, на нашите граѓани им е смачено од поделби, од кочење заради партиски интереси. Јас тоа нема да го дозволам и ќе се борам нашата земја да оди напред, порача Пендаровски од Прилеп.
Тој истакна дека ако ја добие довербата од граѓаните, ќе биде првиот претседател што би застанал во заштита на граѓанските интереси, не на интересите на некоја теснопартиска група или политичка елита.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: