ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Поради високата цена на ел.енергија градот ќе штеди на уличното осветлување

Од вечерва редуцирано осветлување во централното градско подрачје

552

Општината Прилеп донесе одлука од вечерва да го редуцира уличното осветлување кои би осветулувале во ноќните часови во централното градско подрачје. Рестрикцијата на јавното осветлување е како резултата за заштеда на ел.снергија, поради  енормно високата  цената на електирчната енергија.  Во информацијата која ја добивме како медиум се вели:

 „Ве информираме дека поради светската енергетска криза со која што сите се соочуваме и енормно зголемените цени на електричната енергија, а со крајна цел да не се доведиме во ситуација да бидиме во тотален мрак, како Општина направивме моментална одлука во врска со уличното осветлување. Во наредниот период делумно ќе исклучиме дел од постоечката електрична инфраструктура во централното градско подрачје на принципот преку-една и тоа исклучиво на места каде што очигледно имаме дури и прекумерно осветлување. Потенцираме дека водиме максимална грижа како за непречено одвивање на сообрајќајот во ноќни услови така и за пешаците и дека со делумното намалување на уличното осветлување нема да биди нарушено нивното движење.„ се вели во соопштението на Општина Прилеп.

Колку Прилеп троши електирчна енергија во еден месец за улично осветлување во централното градско подрачје и колку ќе заштеди со редуцирање  на електричната енергија на уличните светилки останува да се информираме во текот на утрешниот ден, но факт е дека во наредниот период ќе се спроведува рестрикции во јавното осветлување на територија на Општина Прилеп

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: