ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп ќе добие мерна станица за мерење на квалитетот на воздухот

625

Две нови мониторинг станици за следење на квалитетот на воздухот ќе се постават во Прилеп и Берово. Министерството за животна средина распиша јавна набавка со која бара да купи автоматска станица со вклучена обука со која ќе го надогради Државниот мониторинг систем за следење на квалитетот на амбиенталниот воздух. Во овие градови досега не се мереше загадувањето на воздухот, а ова се првите мерни станици кои ќе бидат дел од државниот мониторинг и со кои граѓаните секојдневно ќе имаат увид во вредностите на осум потенцијални загадувачи на воздухот. Од Министерството велат дека годинава ќе се купат само овие две, а за другите градови средства ќе се одвојуваат од буџетите во следните години.

Секоја од мониторинг станиците мора да биде опремена со мерни инструменти за мерење на концентрациите на честичките ПМ 10 и 2,5, потоа за мерење на озон, азотен моноксид, диоксид и оксиди, сулфур диоксид и на јаглероден моноксид. Исто така во мониторинг станицата мора да има и системи за прибирање и обработка на податоците, за метеоролошка опрема, за калибрација и други.

„Набавка на двете нови мониторинг станици, ќе чинат 14,4 милиони денари кои се издвојуваат од буџетот на министерството . За годинава не е планирана друга набавка на нови мониторинг станици“, посочуваат од министерството.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: