ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Пустош на липите во градот – настрадаа и липите во храмот Св.Благовештение

881

Кој презема одговорност за јавното уништување на липите,  кои се украс на градот?!  Зошто не може да се стави крај на масакрот и немилосрдното кршење на липовите гранки и уништување на липите во време кога тие цветаат ?!  Уништувачите или т.н  „берачи на липов цвет“,  кои како да им е во дворот липата, се осмелиле да влезат дури и во црковниот двор .

Синоќа (на видо снимка од безбедносните камерите на црквата Св.Благовештение) група „ берачи на липов цвет“,  влегуваат во црковниот двор и немилосрдно ги масакрират липите,  кои патем се во приватен имот.  Утрото , кога започнува црковната служба,  вработните биле фрапирани од глетката ,  искршени гранки и уништени липи.

Од таму велат дека ова не е прва пат како липите во дворот на црквата , се кршат и уништуваат на ваков начин, но веќе овај пат се преминала секоја мерка , па вработените прашуваат  и бараат одговор „како да се заштити приватниот имот на црквата ?“ „ Како да се стави крај на оваа појава?“  Тие ги повикуваат надлежните да преземат мерки за заштита на приватен имот и  заштита на дрвата во црковниот двор !

Познвачите на хортикултура велат дека врз липите ,доколку не е применето правилно кастрење за нивно зачувување,  со ваквото оштетување ( кршење) доаѓа до сушење на дрвото.

Од ЈКП Комуналец велат дека и покрај обидите да се спречат берачите на липов цвет преку ден, за да не се оштетуваат липите, од дневно кршење, тие преминале на ноќна работа, нанесуваќи огромни штети на липите од дрворедите и парковите, а ЈКП е немоќно да го зпречат тоа.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: