ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Свечено доделени 3-то Ноемвриските награди на заслужни граѓани и здруженија од град Прилеп

858

Постхумно, награда за Животно дело ЗЛАТНА ПЛАКЕТА “3-ти НОЕМВРИ” за доајенот на современата македонска скулптура, Драган Попоски – Дада, за новинарот и  публицистот, Тачко Локвенец  и награда за Животно дело ЗЛАТНА ПЛАКЕТА ” 3-ти НОЕМВРИ за Илија Адамоски, истакнат општествен работник – беа додлени на вечерашното свечено доделување на најпрестижните наградите на град Прилеп 3-то Ноември, по повод Денот на конечното ослободување на Прилеп од фашистичкиот окупатор. Наградте беа додлени во Општинската сала во присуство на советниците на Оптшина Прилеп, градоначалникот на Прилеп, Борче Јовческ , Претседателот на Совет,  Дејан Проданоски, преставници на граѓански здруженија, граѓани , гости и медиуми.

Покрај награди за животно дело Советот на Општина Прилеп додели  4 плакети и 7 дипломи

    Плакети добија: ПК „Младост 96“, за достигнувања во областа на спортот,
  • Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, добитници на 3-то Ноемвриската награда

 

Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР, за постигнати значајни резултати и достигнувања за подобар живот во локалната заедница;

Здружение за правна едуација и транспарентност СТАНИЦА П.Е.Т Прилеп, за придонес во едукацијата и асистенцијата на граѓаните во насока на остварување на нивните права;

Фирмата МИНАС Прилеп, за негување на занаетчиството

 

 

 

 

 

А,  дипломи добија прилепчани кои дале особен придонес за градот во рамките на своето професионално делување:

Георги Стале Поповски,  за достигнувања во областа на книжевноста и преведувачката дејност, Блага Тутеска, за достигнувања во областа на образованието и литературата,  Круме Пирганоски, за достигнувања во областа на образованието и информатичката технологија,

Божана Тренческа, Награда-диплома 3-то Ноемвриска

Божана Тренческа, за достигнувања во областа на литературата;

Димче Велкоски, за достигнувања во областа на воздухопловното, спортско и ракетно модуларство;

Пулексенија Јованоска, за особен придонес во промоцијата на карате спортот во светски рамки;

и, посхумно Јовица Нешкоски-Фризерот , за негување на фризерскиот занает.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: