CSS Template

Традиционални Василичарски огнови низ општина Новаци

263
Avtokontrol1
Православните христијани денеска ја слават Василица. Народот ја слави како Стара Нова година во чест на светецот Василиј но и како обрежување на Исус Хистос. Во секое маало граѓаните со големи огнови кои се симбол на божествената светлина ги прогонуваат лошите сили и ја испраќаат старата година .
Бројни маала низ општина Новаци синоќа традиционално ги запалија василичарските огнови околу кои во весело расположение , со греана ракија , вино и скара се прослваи Стара Нова година и Василица.
Градоначалникот Љубе Кузманоски ја прослави Василица со своите сограѓани . Ги посети големите маалски василичарски огнови од каде испрати порака да се негува традицијата и обичаите и да се пренесуваат на идните поколенија.
“Овие празници како дел од нашата традиција ни даваат
можност да се собериме сите заедно на едно место , на едно
огниште кое симболизира заедништво , единство и сите заедно
да ги одбележиме традиционалните вредности кои всушност си
и белег на нашето постоење.Ова зедништво ги зајакнува
меѓусебните врски во нашата локална заедница. Дружењето со
соседите , пријателите , блискоста меѓу младите дава посебно
чувство на среќа , задоволство и исполнетост .Да си подаваме
рака , да се помируваме , да бидеме единствени и сплотени не
само на ваквите празници туку тоа да ни биде секојдневие.
На сите граѓани на општина Новаци и на сите православни
верници им ја честитам Стара Нова година и Василица со желби
за здравје , среќа и бериќет ” – истакна градоначалникот на Новаци,Љубе Кумановски


semm
Vivafarm
Farma Dolneni