ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Зе идните економисти, правници, креатори на социјален маркетинг…има место во СОУ Кузман Јосифоски – Питу

Второто пријавување за упис во средно училиште, на 21 (понеделник) и 22 јуни вторник)

920

И , на 20 -ти и 21 -ви јуни може деветооделенците електронски да аплицираат и да одберат стручно училиште, бидејќи како што нагласуваат во СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп, познато како економско училиште,- „Вашиот избор е Ваша иднина“!

Веќе за дел од струките, паралелките се формираат, но сеуште има место за оние деветтоодделенци кои не донесле одлука,  велат од училиштето.  Во првото пријавување кое се одвивше на 14 и 15 јуни,  најголем интерес идните средношколци пројавиле за дуалната паралелка, економски техничар, како и за правниот техничар.  Од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп,  ги информираат идните средношколци да ѕирнат и во новата интересна струка, Е-Трговија и дигитален маркетинг, каде што се учи како да се креираат веб страни за трговски фирми, страни за продажба и трговија, социјални маркетинг, стратегија за маркетинг на социјалните медиуми, како може да имате бизнис блог,  профил на Твитер или да додавате “Digg This” и “Tweet This” ознаки на крајот на статиите.., што е иднината на трговијата и маркетингот … „Сепак одлукате е на учениците, а ние сме тука да им помогнеме“, велат професорите од СОЕПТУ „Кузман Јосифоски Питу“- Прилеп.

Прв ден на уписи во СОУ Кузман Јосифоски Питу - Прилеп

Запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година за прв пат годинава е по електронски пат, но училиштто веќе има обезбедено тимови кои им помагаат на учениците во скенирање на потребните документи, аплицирање и комплетно внесување во електрнскиот систем, така што идните средношколци можат само да ги донесат потребните документи за упис, а тимовите од професори ќе го регулираат аплицирањето, како што тоа се случуваше и на првото пријавување.

„Учениците имаат можност да се пријават електонски да пополнат пријава на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ , а доколку се чувствуваат неподготвени  и имаат некаков проблем при аплицирањето он-лајн, можат да дојдат во нашето училиште да им помогнеме во процесот на пријавување. Нашите стурки и профил : Техничар за е – трговија и дигитален маркетинг , економски техничар (дуална паралелка ),  економски техничар/бизнис администратор/, правен техничар и продвач –  референт за продажни услуги и деловен администратор, се едни од најбараните и најпотребние професии на пазарот на трудот.  Учениците се стекнуваат со знаење кое и применливо во ова време кога економијата е клучна, а социјалните мрежи и дигиталниот маркетинг се иднината на компаниите ,во продажбата на нивните производи и услуги. Училиштето нуди одлични услови за изведување на наставната и практична надградба во реални компании, но и можност преку разни европски програми учениците да патуваат во странство и да го надоплнуваат знаењето со нови искуста и нови методи„  –  вели директорката на СОУ „Кузман Јосифоски Питу „- Прилеп, Цеце Видова Трајческа.

Второто пријавување ќе се одвива , на 21 и 22 јуни, исто така електронски, а доставување на документите  е на 23 и 24 јуни до 19 часот. Училиштето нуди и трето пријавување  на 28 ми јуни до 24 часот, електроски, а веќе на 29 ти јуни ученицте ќе можат да ги  доставувуваат  документите во хратиена форма. Сите ученици кои се уште немаат одлучено каде ќе се запишат,  СОУ Куман Јосифоски -Питу  ги очекува да дојдат во просториите на училиштето, бидејќи изборот на средното училиште е иднината на секој млад човек.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: