CSS Template

Денот на македонската револуционерна борба ВМРО – ДПМНЕ ја прослави во Прилеп со „Разговори за обнова за Македонија“

198
Avtokontrol1

По повод Денот на македонската револуционерна борба, како дел од кампањата „Разговори за обнова за Македонија“ денеска во Прилеп беше присутен партискиот врв на чело со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој најпрво оствари средби со граѓаните на плоштадот Методија Андонов Ченто. Центарот на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп беше домаќин на партискиот собир каде свое обраќање имаше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Никогаш не се живеело потешко од денес, потенцираше Мицкоски пред присутните во преполната сала на Центарот за култура.

-Денес одново сме пред голем предизвик, овој пат судбоносен за иднината на нашата земја. И има две работи кои се јасни, првата, никогаш нашиот народ не живеел потешко време, и втората која што денеска секому му е јасна а тоа е дека СДСМ и Зоран Заев ќе паднат!
Им се гледа крајот. Ќе паднат силно, ќе бидат поразени од народот, а ВМРО ДПМНЕ и народот ќе победат, затоа што само така победува Македонија, потенцираше Мицкоски.

 

Тој повика на единство за националните прашања, а власта била онаа која ги поделила медиумите.

-Заев паѓа затоа што го издаде и не го следи Гоце Делчев. Заев паѓа зошто го подели народот и донесе омраза. Медиумите се делат на провладини и опозициски. Заев паѓа затоа што приведува новинари кои се дрзнале да ги проверуваат неговите криминали, зошто смени идентитет без да го праша народот, зошто криминалот е голем и тоа од врвот на власта. Премиерот направи пакт и стана прв другар со криминалците. За три години власт, ништо не се смени на подобро, а она што го претставуваа како режим, а сите маани на нашата власт ги усовршија.

Периодот што следува Мицкоски ги окаректеризира како денови и недели на голем предизвик кога, како што рече граѓаните ќе изберат „помеѓу патриоти и луѓе со свиткана кичма, луѓе кои коленичат, со свиткана кичма, кои додека коленичат, не забораваат да крадат.“
– Изборот е јасен на 12 ти април 2020 тата граѓаните ќе бираат помеѓу честитоста,правдата и правдината, криминалот, срамот и корупцијата. Јас сум убеден во зрелоста на граѓаните и убеден сум во една огромна победа, која што ќе ја предводи ВМРО – ДПМНЕ заедно со коалицијата, рече Мицкоски пред новинарите.

Тој истакна дека според информациите се интензивира злоупотребата на работењето на институциите, а посебно криминалот. Мицкоски порача до луѓето во институциите кои според него ќе бидат принудени да работат со актуелната власт, дека после 12 ти доаѓа одговорност и владеење на правото и почитување на законите.
– Пред законите им го порачувам ова од Прилеп, секој е ист, дали доаѓа од ВМРО, дали доаѓа од СДСМ, дали доаѓа од ДУИ или од било која политичка партија.Со криминалот нема компромис, ќе одговараат, порача тој.
На прашањето дали ќе има ревизија на „Преспанскиот договор“ Мицкоски не одговараше, зашто според него најмалку 100 пати до сега одговорил на тоа прашање.

Farma Dolneni
Vivafarm