ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Итната медицинска помош во Прилеп, се враќа на старата локација

1.460

Во објектот каде пред повеќе од 3 децении работеше, ЈЗУ Здравствен дом Прилеп, ќе се дислоцира Итната медицинска помош. Имено, причина за ова се лошите, субстандардни услови во кои сега работи тимот на службата, големите сметки што треба Здравствен дом да ги плаќа за одржување и непречена работа, така што Итната медицинска помош во текот на годинава ќе се врати во зградата на Здравствен дом Прилеп.За ова, бил информиран и ресорниот министер.

– Едно крило од Здравствениот дом на првиот кат, кога ќе се влезе од лифтот десно, целото крило е во сопственост на Градската болница „Борка Талески“. Тоа е антитуберколозниот диспанзер во кој што моментно работи една докторка и неколку сестри. Во преговори сме со директорот на болницата, а запознат е и министерот, со негова дозвола, објектот на Итната медицинска помош кој што се распаѓа и во кој најголем дел од трошоците ни одат таму, ќе биде преадаптиран тој простор и по принципот на сите здравствени домови во Македонија, затоа што градбата е горе – долу иста, ќе биде преместена Итната медицинска помош тука во Здравствениот дом, потенцираше директорката на ЈЗУ Здравствен дом Оливера Аџиоска.

Според неа, просторните услови ги задоволуваат сите критериуми за дислокација на Итната медицинска помош. Имено, службата за итни интервенции во Прилеп пред околу 30 тина години беше во ЈЗУ Здравствен дом. Проблемот со постоечкиот објект каде што сега работи Итната медицинска помош се несоодветните услови, за кои, како што рече Аџиоска медицинскиот персонал работи во мизерни услови, и под секое човечко достоинство. Уште повеќе што, материјалните трошоци кои што се потребни за да се одржува сега службата се големи, така што, напомена таа, дека ќе биде големо олеснување преместувањето на Итната медицинска помош.
Средбата со новинарите практично беше демант на претходна пресконференција од ОК на ВМРО- ДПМНЕ за наводнo недомаќинско работење на институцијата, кои  Аџиоска го отфрли.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: