CSS Template

Излезноста над 50%, се бројат гласовите

74
Avtokontrol1

Денешните, парламентарни избори 2020 се десеттите парламентарни, а петти предвремени избори во земјава. Според ДИК, 15 минути пред зaтворањето на гласачките кутии (20 и 45 часот) излезноста стигнала до 50,86 %.
Највисока е излезноста во „четворката“ со 59,79%, потоа во ИЕ 3 со 57,37%, во ИЕ1 со 52,17 %, во ИЕ 5 со 50,16 %, во „двојката“ со 47,97 отсто, а во „шестката“ гласањето пред крајот е со најниска излезност од 39,23 отсто.
На кого ќе му донесат победа гласовите на граѓаните, ќе се знае околу полноќ, иако портпаролот на Државната изборна комисија (ДИК) најави дека и до 23 часот може да бидат обработени значителен број на податоци.
Во меѓувреме „падна“ веб страната на ДИК.

semm