ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Изложба за респект

903

„Terra Incognita“  е тематската изложба од 22 дела од прилепскиот уметник Златко Крстевски што беше отворена синоќа во изложбениот салон на ЦК „Марко Цепенков“. Уметникот изложува 22 дела – слики масло на платно работени во периодот од 1990-2020 година.

„Делата се со силна визуелна сугестија каде се испреплетуваат сонот и имагинарното, апстрактното и фигуративното, помеѓу истиот израз и приказната за „Terra Incognita“. Инспириран од средновековното византиско сликарство, користејќи го плаветнилото и окерот како медитерански знак за изразување ги создадов овие дела“, вели авторот Крстевски.

Крстевски реализирал бројни изложби во земјата и во странство, учесник е колонии, застапен е во арт антологии, реализирал бројни перформанси и добитник е на повеќе награди во земјава и во странство. Освен сликарството, уметничка преокупација му е и сатиричниот цртеж, стрипот и карикатурата.

Крстевски реализирал бројни изложби во земјата и во странство, учесник е колонии , застапен е во арт антологии, реализирал бројни перформанси и добитник е на повеќе награди во земјава и во странство. Освен сликарството, уметничка преокупација му е и сатиричниот цртеж, стрипот и карикатурата.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: