ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Каде се запишаа прилепските и крушевските полуматуранти?!

991

Во првиот уписен рок во петте средните  училишта во Прилеп  се запишаа  околу 700 ученици. Но, како што информира директорите од средните државни училишта слободни места има во сите средни училишта во Прилеп и Крушево. Најголмиот интерес во првиот уписен рок имало за гимназиското образование  и медицинските струки.

Од СОУ „Наум Наумоски – Борче“  од Крушево за во второто пријавување слобони места за упис на ученици  има за сите струки поврзани со угостителската дејност: готвач, келнер, слаткар… но,  оттаму информираат дека во нивното училиште има слободни места и за гимназиското образование.

Во СОУ Орден Чопела – Прилеп најголем интерес за упис во прва година, за учебната 2018/2019 , основци пројавиле за хемиско – технолошките струки, но не помал е интересот и за земјоделските струки. Сепак, место има и во ова училиште за т.н вториот уписен рок, односно за второто пријавување, кое ќе се одржи на 24 и 25 јуни . Бодовите за пријавување во сите струки во СОУ „Орден Чопела“ – Прилеп ќе бидат намалени за пет поени помалку, што е добра можност оние ученици кои не успеале да се запишат, повторно да се обидат.

И,  во СОУ „Кузман Јосифоски“ Питу  има слободни места за вториот упис кој ќе се одржи  в понеделник, 24-ти  и вторник- 25 -ти. Најголем интерес учениците пројавиле за профилот економски и правен техничар , а помал е интерестот за бизнис администратор, како и за продавач и асистен деловен администратор. Оттаму, исто очекуваат да се намалат бодовите за упис, за да може учениците со помалку поени да се запишат во бараната струка.

Во СОУ „Ѓорче Петров “- Прилеп во првиот уписен рок се запишале околи 200 ученици. Особен интересот пројавилеполуматурантите за медицинската струка, која оваа година воведе и нови профили, но оттаму велат дека иако има уште неколку место за фармацевската и физиотерапевската струка,  потребни се 70 поени за упис при второто пријавување.

Годинава  деветто одделение  во  основни училишта во општините Прилеп  ,неофицијално, завршиле близу 800 полуматуранти.

Вториот уписен рок во средните училишта е на 24 и 25 јуни

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: