ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Колку граѓаните учествуваат во креирањето на општинските буџети во Крушево, Прилеп и Кривогаштани?

505

Организацијата „Фајнанс Тинк“ (Finance Think) реализираше анализа за тоа во колкава мерка граѓаните се вклучени во донесувањето на одлуки за креирање на општинските буџети. Во проектот учествувале 8 општини, од кои и пелагонискитe Прилеп, Кривогаштани и Крушево.
Според Благица Петрески, од Finance Think, Општините Крушево и Прилеп се меѓу најуспешните во воведување на партиципативно буџетирање, бидејќи и двете општини прифатиле околу 40% од проектите предложени во 2019 година, за чија реализација издвојуваат 21% и 11%, соодветно, од својот буџет.

– Најголем дел од средствата издвоени за имплементација на предлог-проектите од граѓаните се однесуваат на проекти од две категории: урбанизам и инфраструктура и објекти и услуги што ги нуди општината. Притоа, за проекти од областа урбанизам и инфраструктура, Општина Крушево издвоила 30 милиони денари за гасификација, поставување канализациони системи во населените места и реконструкција на две локални улици, додека во Прилеп, со 105 милиони денари ќе се поставуваат бекатонски тротоари и ќе се уредува кејот на градската река. Во делот на предлог-проекти од областа објекти и услуги, Општина Крушево издвоила средства за изградба на објекти за параглајдеристи и шелтер- центар за бездомни животни, а Општина Прилеп за изградба на нова детска градинка но и подобрување на условите во постојните. Општина Прилеп е меѓу ретките Општини што издвојуваат средства за предлог-проекти од областите животна средина и социјала, образование и култура кои најчесто се однесуваат на подобрување на квалитетот на живот на младите лица. Општина Кривогаштани пак, е една од реткити рурални општини што беше отворена да го имплементира процесот на партиципативно буџетирање, вели Петрески.

Регионалниот форум „Општините и граѓаните: заедно до подобар буџет“се одржа деновиве, на летната сцена Гумење во Крушево, при што беа промовирани резултатите од мониторинг анализата на процесот на партиципативно буџетирање воведен во осум општини во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност – партиципативно буџетирање во општините“ финансиран од УСАИД проектот за граѓанско учество.
На форумот учество зедоа градоначалниците на Општина Крушево – Томе Христоски, Општина Прилеп – Илија Јованоска и Општина Кривогаштани – Рубин Шефтероски.
.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: