CSS Template

Комплексот Трескавец ќе добие пречистителна станица (ГАЛЕРИЈА)

212
Avtokontrol1

При крај се градежните работи за обнова на опожарените конаци во манастирскиот комплекс Трескавец. Но, она што е исто така важно до целосно комплетирање на активностите за пуштање во употреба, е решавањето на водоснабдувањето на комплексот и изградба на пречистителна станица.
Отец Калист рече дека како што градежните работи на реконструкцијата на конаците привршуваат, исто така е важно решението за водоснабдување и одводот на отпадната вода.

-За да биде готово, мора да биде завршен и проектот за водоснабдување на манастирот, бидејќи без тоа не можеме да ги пуштиме во употреба конаците , рече отец Калист.

 

Општина Прилеп го вклучи манастирот Трескавец заедно со уште два историско – културни споменици во заеднички проект. Активно се работи на зачувување и промоција на културно-историските споменици кои се наоѓаат на територијата на општината, преку изработка на проекти кои се финансирани од сопствени извори, но и со европски пари.

– Имаме еден заеднички проект за манастирите Трескавец и Св.Архангел Михаил и Марковите Кули кој што е финансиран од ЕУ, проект со кој покрај другото се изработуваат брошури, патокази, мапи, со цел туристите кои ја посетуваат нашата општина да имаат повеќе информации и подобро да се снаоѓаат при посетата на овие три локалитети, посочи градоначалникот Јованоски.

Паралелно се работи и на други проекти за реконструкција на црквата, магерницата, трпезаријата и камбанаријата велат од прилепскиот Музеј.

„Работиме и на другите објекти кои се, можам да речам, поважни од конаците, а тоа се црквата, магерницата, трпезаријата и камбанаријата за кои се работат истражувачки работи. Формирани се тимови од стручни лица, а врз основа на нивната работа ќе бидат изготвени проекти со цел од следната година да почнеме со конзервација на црквата и другите придружни објекти. Во првичниот проект не биле предвидени две значајни ставки, а кои ќе ги бара капацитетот на комплексот. Со Министерството за култура правиме напори да се издвојат средства за изработка на проект за пречистителна станица за околу 100 лица, а ќе извршиме интервенција и на трафостаницата за зголемување на нејзиниот капацитет, рече Атанасоски.

Во посета на комплексот Трескавец денеска беше делегација предводена од заменик министерот за култура Владимир Лазовски, градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски и директорот на НУ Завод и Музеј – Прилеп Благоја Атанасоски, при што беше направен увид на градежните работи.
Обновата на Манастирот Трескавец кој претрпе огромни штети од пожарот на 4 ти февруари 2013 година започна 2016 година. Изведувач на проектот е српската фирма „Кото“. Министерството за култура обновата на опожарените конаци ја финансира со средства во висина од 2 милиони евра.Паралелно со градежните работи, Прилепскиот Завод и Музеј работи на проектите за црквата, магерницата и трпезаријата кои датираат од XIII век.
Реконструкцијата на целиот манастирски комплекс во близина на Прилеп првично беше најавено дека ќе заврши до 2018 година.

Farma Dolneni
Vivafarm