ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крушево е подготвено да го одбележи роденденот на Тоше – Тоше има само ден на раѓање!

815

За утре ( 12,оо ч)  Крушево е подготвено за одбележување на роденденот на музичката мега ѕвезда ,Тоше Проески, со пригодна програма во спомен куќата „Тодор Проески“ .

На овој ден ќе се одржат неколку ликовни изложби во спомен куќата „Тодор Проески“, а во официјалната програма ќе настапува „Уникат бенд“ и Сара Ристеска придружена од Габриела Аврамоска.  Свои точки во спомен на Тоше ќе имаат и ученици од СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“,  во чест на Тоше, во спомен на неговиот лик и дело, на неговите музички достигнувања, и во желбата да се запопмне само денот на раѓањето на познат македонски пејач, една од најголемите ѕвезди на балканската музичка сцена.

На одбележувањето на денот на раѓање на Тоше Проески ќе се обратат претседателот на Советот на општина Крушево,  и директорката на спомен куќата „Тодор Проески“,  ,а ќе биде полажено и свежа цвеќе на  вечното почивалипте на Тоше .

Тоше Проески на утрешниот ден би славел 39 години, а овој ден 25 јануари, за неговите фанови е опшан со една реченица: „Тоше има само ден на раѓање“.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: