CSS Template

Николовски: Изборите нема да ја спречат исплатата на субвенциите

262
Avtokontrol1

Во посета на Прилеп и регионот денеска беше генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, при што тој оствари средби со граѓаните во Прилеп, во Тополчани и Кривогаштани и посети неколку компании корисници на ИПАРД средствата. Во изјава за медиумите Николовски посочи дека е особено горд што бил дел од Влада кога земјава за прв пат по десетина години кога има целосна искористеност на ИПАРД и прва година да не се враќаат пари назад во ЕУ фондовите.

На новинарско прашање на Радио Пела дали ќе има проблем со исплатата на субвенциите во периодот што следува пред закажаните предвремени парламентарни избори, Николовски посочи:

„Воопшто нема да има никаков проблем во исплатата како и претходните 2 години. Субвенциите се исплаќаат точно, навремено, без никаква селекција. Тоа време помина и оваа година очекувам дека и субвенциите на останатите производители, еве веќе се очекува исплатата на одгледувачите на поледелски култури, на овоштарите, ќе следи пред Св. Трифун исплатата на лозарите и март, така како што е законски, така како што е согласно програмата, уредбата и календарот за исплата следи исплата на субвенциите во делот на тутунопроизводството. Позитивните законски прописи и во делот на изборите не дозволуваат доцнење на исплатата на субвенциите,потенцираше генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски .

Во врска со тутунопроизводството, земјоделска гранка која е големо значење, бидејќи станува збор за стратешка култура од која државата остварува значаен девизен прилив, Николоски потенцираше дека поддршката и во иднина ќе продолжи.
– Околу 100 милиони евра е девизниот прилив и 33 илјади семејства егзистираат од тутунот во државата. Ние стоиме до зборот и во врска со зголемувањето на субвенциите веќе втора година. Во овие три години имаме историски постигнувања во однос на просечната откупна цена. До денеска околу 5 милијарди денари веќе се исплатени од страна на откупувачите кај тутунарите. Вчера се одржаа последни средби со сите откупувачи, со земјоделците во рамки на институциите и министерството. Очекуваме до 10 ти февруари да приврши откупот. Имаме силни гаранции од откупувачите дека остатокот од производството од 4 до 5 милиони кгр ќе биде откупено по соодветна и реална проценка на класите, рече Николовски при посетата на Прилеп.

semm
Farma Dolneni
Vivafarm