ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Гореше сува трева кај с.Бела Црква

736

Во близина на с.Бела Црква, кај црквата , попладнево избувна пожар. Гореше сува трева, па во опасност ја стави и црквата и црковниот двор. Веднаш по дојавата, реагираше ТППЕ од Општиа Кривогаштани, која се упати кон селото  со едно возило за да го изгасни пожарот.

Засега не е познато од што е предизвикан пожарот, но станува збор за човечки фактор.Од ТППЕ Кривогаштани апелриаат до жителите на населените места да не палат стрништа, сува трева и да не го користат огнот за чистење на земјоделските површини,  затоа што штетите од огнот можат да бидат од големи размери. Човечкиот фактор е најчеста причина за пожар.

Деновиве гореше жито и на нива во с.Пашино Рувци. Со пожарот се зафатило сено,  и две ниви засеани со жито и јачмен, сопственост на лицата А.Ј.(73) од с.Пашино Рувци и И.С.(75) од с.Пашино Рувци. Во 14.45 чаот пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Кривогаштани, која со огнените јазици се борела три часа .

Поради невнимани на човечкиот фактор изгореле три декари жито, велат од  ТППЕ – Кривогаштани, кои со едно возило и тројца пожарникари ја воделе битката за касненње на запаленото жито.Благодарени на навремената реакција на пожарникарите пожарот бил изгаснат и била спречена поголем аматерјална штета . Затоа, од ТППЕ Кривогаштани предупредуваат, внимателност со огнот и запаливите средства, затоа што и температурите се виоски, особено во овој период од година, па огнот со помош на ветерот, брзо може да се пренеси од едно место на друго.

Поради зголемена опасност од појава на пожар во летниот период и според Закон за шуми, забрането е палење на оган, фрлање на догорчиња и други причинители на пожари на отворен простор. Следат и парични казни за сторителите.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: