CSS Template

СЕВЕРЕНА или Северна – уверенијата за пратениците со „ново име“ на државата?!

344
Avtokontrol1

Намерно или случајно, печатна грешка …или недоволно познавање на македонскиот јазик и кириличното писмо, пратениците кои што ги добија уверенијата за новиот собраниски состав од Државната изборна комисија, носат „ново име“ на државата, грешка, која несомнено, несмее да постои во еден ваков значаен документ.

Имено,во горниот дел од Уверението, стои името на државата Република Северна Македонија,но веќе во содржинат подолу,  државата носи име „Република Северена Македонија„

Дел од пратениците кои што ги контактиравме, од три различни партии, различно реагираа .Некој не ја увиделе грешката,  некој ја увиделе , а не реагирале до институциите , а некои беа изненадени од содржината на уверенијата во кои што стои името на државата.


Инаку,во Државната изборна комисија, во саботата, на 25 јули беше одржана свечена седница на која беа доделени уверенијата на избраните пратеници. Освен Левица, ДПА и Алијанса, сите други партии пристигнаа во ДИК и ги подигнаа уверенијата за пратеници, преку овластени претставници или лично.

Според официјалните и конечни резултати од парламентарните избори што се одржаа на 15 јули Коалицијата „Можеме“ освои 46 мандати, ВМРО-ДПМНЕ 44, ДУИ 15, Левица 2 и ДПА 1 мандат.

 

semm