ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

УКЛО воведе психолошко советувалиште со телефонска линија и електронски

526

Психолошкото советувалиште на УКЛО кое функционира близу две години, ја прилагоди својата работа на новонастанатата ситуација, и редовните активности се заменија со телефонско или електронско контактирање за психолошка поддршка, како соодветен одговор на мерките за справување со пандемијата. Студентите и вработените на УКЛО можат да користат телефонски и електронски советувања од стручниот тим на советувалиштето, психологот, проф, д-р Драгана Батиќ и вишиот предваач, д-р Гордана Ристевска Димитровска, специјалист психијатар. Ова особено важи за студентите од УКЛО, кои имаат некои психички манифестации на страв или паника, анксиозност или било кое друго чувство во врска со вирусот и имаат потреба од разговор и соодветна психолошка поддршка.
Кај студентите оваа новина доби позитивен прием.

„ Студентите и членовите на УСС од УКЛО посебно ги радува тоа што идејата за воведување телефонската поддршка од Психолошкото советувалиште на УКЛО произлезе и од нив самите самите , а се реализираше во соработка со професорките од УКЛО кои се дел од стручниот тим.. Концептот се вообличи во посебен информативен плакат и истиот е достапен и промовиран на социјалните мрежи, вели Дона Петрова, претседателот на УСС “.


Студентите го дизајнираа и прилагодија информативниот Плакат за овиот начин на работа на Психолошкото советувалиште преку телефонска поддршка.

Зошто е потребно психолошкото советувалиште ?
Професорката Батиќ потенцира дека „oваа ситуација е кризна од повеќе причини: постои можност да се разболиме ние или нашите блиски, ни се прекина животната рутина (секојдневните обврски), ни се прекинуваат физичките контакти и мораме да седиме дома. Ваквата ситуација е нова за сите нас и вклучува неизвеснот која може да создаде чувство на анксизност, страв, паника. Во тие моменти добро е студентите да имаат психолошка поддршка, да се обратат до стручно лице (психолог , психијатар). Сакаме студентите да ги поттикнеме да се грижат за себе, да не се заплашуваат себеси така што ќе читаат неселективно и ги впиваат сите информации (потребни и непотребни) што само ја зголемува паниката, да се опуштат, да вежбаат, да прават тоа што им причинува задоволство и да учат, бидејќи тоа ќе им ги одврати мислите што продуцираат страв. Во оваа ситуација е неопходно да се биде активен, затоа што активноста и структурирано време ќе го намалат стресот. Стресот во овие околности е всушност „нормална реакција на ненормална ситуација“, така што, кога е во прашање корона вирусот, не можеме да го исклучиме, но, затоа можеме да го контролираме. За тоа постојат многу начини, техники на длабока релаксација, вежбање, дишење и сл. Битно е стресот да се препознае и да се контролира. Значајно е студентите да знаат дека не се сами, дека ние, и како професионалци за ментално здравје и како нивни професори сме тука да им дадеме подршка и да ги охрабриме за да полесно ја превладаат оваа ситуација“.

                 Советувалиштето на УКЛО прво од ваков вид

Инаку, Психолошкото советувалиште на УКЛО е воедно и прво од ваков вид во државата и пред година и половина започна со работа во две единици на универзитетот: Факултет за безбедност-Скопје и Високата медицинска школа во Битола како единици во кои имаше услови за оваа дејност, бидејќи во секоја од нив предава професока која е и психолог/психијатар и која може да ја организира работата во советувалиштето. Психолошко советувалиште првенствено е наменето за студентите чија со цел да им пружа помош во совладување на тешкотиите при снаоѓање во средината во која живеат/делуваат – семејството, факултетот и општеството воопшто, како и во успешното остварување на емоционалните и социјалните односи и сопствената индивидуалност и самостојност. Неговиот видоизменет и проширен начин на работа наиде на пофалби од страна на јавноста заради професионалниот, навремен и одговорен пристап на советувалиштето како одговор на УКЛО на новонастаната вонредна ситуација предизвикана од пандемијата со вирусот Ковид -19.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: