ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

(Видео) И, нема друго чаре со короната- средношколското театарче со комична престава он лајн

932

 Насловена „Корона тајмс”, средношколците од драмската секција „Слободно театарче„ при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп , си ја изведоа хумористичната тетарската претава онлај. Предизвика голем интерес, но и насмевки и радост кај оние кои ја погледнаа. Поради љубовта кон театарот и актерството, како што велат тие, немаа друго чаре, и одлучија наместо на „штиците што живот значат„ (на сцена ) преставата да добие поинаков “бел ден“. Па, со својот ментор, професор и режисер, Билјана Тинтоска,тие ,членовите на театарската средношколска секција, ја изведоа преставата онлајн и покажаа дека на човекот му треба само волја, желба и труд за да ги надмине сите предизвици

„Не сме ние тие шо сме, доколку не ве почестиме со нова доза на хумор, каде што ги вложивме сите наши напори да го изнесеме на најпозитивен начин она што стана наше секојдневие поради пандемијата. Во најлошото да го извадиме нашето најдобро.“-велат од дргамската секција при СОУ Ѓорче Петров – Прилеп.

Текстот и сценариото е на Филип Стојаноски, а режијата на менторот Билјана Тинтоска.Улогите ги толкуваатуваат: Филип Стојаноски, Теона Крстеска, Сања Дамеска, Фросина Трајкоска, Фросина Петреска, Илија Кулески, Теодора Велкоска, Леонид Момироски, Василиј Пенков, Џеладин Шериф, Ангела Кочоска, Бојан Гиноски, Ѓорѓи Ацески Печијарески, Марија Недеска, Лидија Макалоска, Ирина Јованоска, Христијан Паноски, Фросина Конеска. Монтажата е на Дарио Волнароски

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: