ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Граѓаните со стар пасош во странство ќе се враќаат во Македонија со патен лист

955

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари, а се со стари патни исправи,  ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Дипломатско конзуларните претставништва ќе работеле во две смени и сабота и недела. Најголем наплив за барања на патни листови имало во Германија.

-Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, рече Османи.

Планирани биле пунктови за помош на меѓународните аеродроми. Најмногу работа имало во Бон, каде што имало 8.300 апликации за нови пасоши, а досега се изработиле 6.000.

Османи кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор.

 

 

Извор: Макфакс

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: