ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Инфективното преселено во три одделенија

737

Инфективното одделение во Прилеп е привремено затворено за хоспитализирање, а заболените од Ковид 19 се префрлени во трите приспособени одделинија: за уво, нос и грло, интерното и очното одделение при Општата Болница „Борка Талески“- Прилеп, истакна денеска на прес конференција директорот на болницата – Драган Богоески. Причината за ваквата реорганизација е зголемниот број на хоспитализирани пациенти позитивни на корона вирус, и недостигот од централен довод на кислород во зградата каде што е сместено инфективното одделение.

До четврток планирано е да биде инсталиран централниот довод до Инфективното одделение, да се оспособи просторијата, и со тоа би се добиле уште 30-тина слободни болнички кревети – вели директорот на Болницата.

Во неделата 6 до 8 часа траеше процедурата, зашто имаме десетина пациенти кои се на кислород. Ќе добиеме многу со централниот довод, затоа што сега ги влечиме боците со кислород, 50 боци дневно, кои што се качуваат и слегуваат. Со инсталацијата на централниот кислороден довод ќе бидеме во можност да ги примиме новите случаи кои треба да се лекуваат, вели Богоески.

Моментно во прилепската болница се хоспитализирани 75 пациенти позитивни на коронавирус, кои што се сместени во дополнителните преадаптирани Ковид одделенија. По 30 тина пациенти секојдневно примаат дневна терапија во амбулантата на Инфективно, 100 тина пациенти дневно се прегледуваат .

Недостигот на медицински персонал, беше повторно акцентиран, но беше нагласено дека сите оние кои сега ќе добијат работен ангажман ќе бидат привремено вработени. Моментно се ангажирани 15 специјализанти, дополнителни 7 до 8 медицински сестри, 2 медицински сестри од Здравствен дом Прилеп, но најголемиот недостиг е на болничари.

Паралелно, со ова , дел од матичните лекари, активно се ангажираат за помош на своите колеги кои работата во болницата, преку домашни посети и давање терапии на заболени, се’ со цел да се намали бројот на хоспитализирани лица. Дел од матичните лекари не’ информираа дека дневно прегледуваат над 20 пациетни со грип, настинки и други вирусни заболувања.

Медицинскиот персонал во прилепската болница се „осипува“ на дневна основа, така има моментно околу 25 мина: доктори, сестри и болничари се Ковид позитивни или се во изолација.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: