ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

И џудо спектакл и промоција на книгата “Поуки на големите мајстори на џудото” (ВИДЕО + ФОТО )

Поуките на ГОЛЕМИТЕ мајтосри на џудото промовирана во Прилеп!

792

По пауза од две години , џудо клубот Сеишин од нашиот град повторно ја возобновува традицијата , празнично да ги нагости многуте натпреварувачи кои ќе настапат на 12-от  интернационален џудо турнир Прилеп Град Херој.На истиот ќе настапат  натпреварувачи од различни клубови. Затоа денеска во присуство на голем број гости , спортски работници поранешни и сегашни мајстори на џудото беше и презентиран овој настан а во исто време и промовирана книгата Поуки на големите мајстори на  џудото,Главен автор на книгата е Зоран Миловиќ од Црна Гора , мајстор осми дан , специјализиран во кодокан институтот во Јапонија.Истата на македонски јазик со негова дозвола ја преведе активниот џудист – ветеран на Сеишин , Киро Здравески.

На официјалното претставување на џудо спектаклот присуствуваа и Бојан Миличевиќ , претседател на собранието на џудо федерацијата на Црна Гора , престедателот на џудо федерацијата на Македонија , Владимир Трпаноски , Жанета Видевска која ја уреди книгата а секако на присутните се обратија и претседателот на клубот Дејан Ширкоски , Никола Божиноски од натпреварувачката комисија на Македонија и тренерот Дејан Мицкоски кој истакна дека салата каде ќе се одржат борбите ќе биде претесна да ги собере сите.

Како и секогаш тимот на Радио Пела на терен , во продолжение ви пренесуваме дел од атмосферата , кој можете да го погледнете во видеото подолу.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: