ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Комфи Ангел – компанија со најдобро применет систем за безбедност и здравје при работа

1.320
Прилепскиот гигант од текстилната индустрија Комфи Ангел се закити со уште едно национално признание во делот на грижата кон вработените за безбедност и заштита на здравјето. Долгогодишните заложби за подигнување, спроведување и почитување на стандардите за безбедност и здравје при работа беа препознати од Министерството за труд и социјална политика (Совет за безбедност и здравје при работа). Во рамките на одбележувањето на Европската недела за безбедност и здравје при работа 2022  деновиве во ресорното министерство беа доделени националните награди. Во таа пригода министерката Тренчевска посочи:
„Сметам дека безбедните работни места значат продуктивни и задоволни работници затоа заедно можеме да постигнеме да ги заштитиме работниците. Кога велам заедно, навистина мислам на сите нас овде, компаниите, организациите како и институциите кои ги претставуваме. Заедно да ги одржуваме работните места и работите процеси пред се здрави и безбедни за работниците“ рече Тренчевска.
Комфи Ангел со особена грижа ги реализира процесите кои обезбедуваат достоинствени работни услови, создавајќи посебен еко систем, бидејќи како што во повеќе наврати посочуваат од менаџментот : човекот е основниот капитал!  
Среќни сме што иституциите го препознаваат позитивниот резултат од долгогодишното работење како во имплементацијата така и во надоградбата на Законот за здравје и заштита.Долгогодишната работа исполнета со многу љубов, енергија, време, финансии она што е најбитно овозможува континуитет на основниот фокус на нашата компанија, а тоа е заштита на човекот како основен капитал како во делот на здравје при работа, така и во делот на обезбедување достоинствени услови за работа. Едно големо браво до менаџерот за безбедност и здравје при работа, Кристина Грижоска и нејзиниот сектор, и секако големо браво за секој еден вработен во компанијата како дел на тој еко систем!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: