ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Ко Че Ти Тргни, Тргнато Е!

Пишува: Спиро Црне

237

Пишува: Спиро Црне

 БАДНИК, БОЖИК и СТАРА НОВА ГОДИНА

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески на својот Фејсбук профил на 6 ти јануари, на Бадник, му го честита Божиќ на прилепчани и сите под неговиот пост, за чест да му направат, напишаа „Вистина се роди“„За многу години“, а тоа уште, по христијански, Христос не се родил, туку Бадник е ден за молитва и очекување Богомладенецот да се роди. Но, како и да е, на арно нека е! Белким ќе тргни во градот.  Сега, пак, градоначалникот прилепски, организира  прослава за Стара Нова Година во чаршијата.  Василичарски бурек, ќе се „врти“ по втор пат пред саатот.  Лани сите „големците (директори )“ по бурек тргнаа, парето да го бараат кај Саат Кулата во Прилеп. За  бурек, се наредија и верници и неверници, „па, парето некој го голтна и чаршијата не  разбра до „Св.Трифун“  кај кого е парето од градскиот василичарски бурек. Не се разбра, ниту дали му донесе на човекот, парето од градоначалникот, среќа или пустото од среќа човекот ја голтна паричката? „ Не се чу ни тоа кој го подигна златниот крст, наменет за среќникот, кој ја најде паричката во Василичарскиот бурек на градоначалникот“-  се присетува еснафот во чаршијата за ланското прославување „На Василица во Прилеп“.  А, за годинешното, само нека ни е честит и вековит празникот Свети Василиј Велики, кој се смета како голем поборник за православната вера, пристаниште на моралната чистота и столб на Црквата.

Најголема чест е добрата волја!

 

ДЕНОТ КОГА ГОРЕШЕ БИБЛИЈАТА ЗА ДЕЦА

Црквата за Божиќ делеше детски библии на оние деца кои ги посетија црковните храмови на првиот ден од Христовото раѓање. Море, море, деца во црквите прилепски…еден кош, како никогаш досега. Убајни човек да ги гледа! Сите дечиња, добија детска Бибилија, по завршување на службата, како подарок за среќа, здравје и верба. И, ете, стои до мене едно момченце не повеќе од 5 години и пее. Ги пее речиси сите песни кој ги пее црковниот хор. Во неговите очи се гледа среќа, љубов,  чистота, смиреност, светлина, убавина на духот, безгрижност и сјај како сонце. Радост неизмерна беше кога доби Библија од отецот. А, менеВосхит ме облеа.  (Исус му рече:  Ако можеш да веруваш, сè е можно на оној што верува.Марк 9:23.) И, ете, за некој, токму Библијата е избор на помош и утеха. И, големите луѓе Библијата ја сметале за духовен и животен патоказ, вредна за почит.  Абрахам Линколн, 16тиот претседател на САД еднаш изјавил, „МИСЛАМ дека Библијата е најдобриот подарок кој некогаш му е даден на човекот.“ Американскиот државник од 18 век, Патрик Хенри, рекол: „Библијата вреди колку сите други книги кои некогаш се отпечатени“. Очигледно импресиониран од Светото Писмо, францускиот император Наполеон Бонапарта рекол: „Библијата не е обична книга, туку Живо Битие со моќ која победува се’ што и’ се спротивставува“.

Само кај нас, ваквиот дар се смета за не-дар. Одма, наредниот ден, по подароците на црквата Библија за секое дете, се појави скандалозно видео каде таткото пред своите деца ја пали Библијата што децата ја добиле како дар од Преспанско-пелагониската епархија, при посетата во црковниот храм. Дури лицето со омраза и револт повикува на палење, закопување или фрлање на Библијата за деца подарена од црквата. Палењето на Библијата за деца, било само затоа што била напишана од автори кои не се православни христијани.

Боже „Гледај му ја главата, крој му ја капата“. Како да се враќаме во 19 ти век кога се вршело  „Палење на книгите во Ефес“, или пред 90 години, кога на берлинскиот плоштад нацистите го организирале јавно горење на книги што наводно, не одговарале на германскиот дух.  Огнот тогаш ги проголтал книгите на Виктор Иго, Пруст, Малро, Хемингвеј, Маркс, Енгелс, Брехт, Велс… И, „Холокаустот на книгите“ уште долго ќе остави траги во цивилизацијата на човештвото.

„О, СВЕТА ПРОСТОТИЈО! – извикал протестантскиот реформатор Јан Хус кога бивал спален на клада, зашто една жена „побожно“ пристапила, фрлила дрво во оганот во кој горел тој, се прекрстила и си заминала..“ напиша отецот Филип на фејсбук, осудувајќи го чинот на запалување на Библијата за деца.

И, пак ми ОСТАНА нејаснотија! Бре ,човеку, ако не си сакал Библијата за деца да ја добијат твоите деца, зошто си ги праќал во црква? Не ја сакаш, ете, но зошто едноставно не ја вратиш, онаму од каде што си ја зел?! Зошто толку омраза и јавно палење на клада, свето писмо? Е, до каде отиде светот?! Книгите кога ќе ги снема, ќе ја снема и мислата, ќе го снема светот, ќе царува незнаењето, неписменоста, омразата и злобата. Зарем дотука дојдовме, човеку?! Германскиот поет Хајнрих Хајне,  пред два века напишал: „Онаму каде што се палат книги, на крајот се палат и луѓе“.

Прилепчани велат: Бог да не’ чува од неразбрани!

 

И, НЕШТО ЗА СПОРТОТ !

Сите љубители на ракометот  со нетрпение го чекаат почетокот на СП во ракомет каде учествува и репрезентацијата на Македонија . (Македонија е во група со Норвешка, Холандија и Аргентина. Првиот дуел е со скандинавската селекција, во петок). И, уште во мислите ми е спектаклот кој минатата недела го организираше Македонската ракометна федерација за да му даде поддршка на репрезентативците кои се помлад состав, каде ветераните, некогашната ракометна репрезентативна сила и подмладениот состав направија вистинска спортска атракција во „Борис Трајкоски“ играјќи меѓусебен дуел и пеејќи. Ми се допадна сплотеноста на ракометарите, публиката, жарот во очите на публиката која дојде да ужива, без лошамисла, со развиорени македонски знамиња, со насмевка на лицата, со ведар навивачки дух… Ми се допадна почитта кон македонските симболи, кон македонското знаме, химна, грб и почитта кон луѓето, кои повеќе од три децении ја градеа и креираа репрезентативната сила на македонскиот ракомет и ја издигнаа ракометната репрезентација на пиадесталот во ракометниот свет, кои со љубов , со срце, со душа за македонскиот национален дрес се борат, секаде лавовски.

Впечатлив настан, момент да се чувствува човек  ГОРД  МАКЕДОНЕЦ. Но,  во дресот репрезентативен, во новиот состав нема повеќе прилепчани. А, Прилеп имаше свои репрезентативни имиња Макалоски, Кузманоски, Петрески …. Велат „спортски град“, „град на ракометот и фудбалот“. А,  денес ракометот во Прилеп е на маргините. Нема, брат, каде да се тренира. „Без алат нема занает“ – вели чаршијата! А,  основниот „алат“ во ракометот е спортска ракометна сала, топла, светла, со достапни термини за сите категории за тренинг и натпревар, со соблекувални и реквизити, со услови за спортски развој. Прилеп има две спортски сали, но зјаат, и ги „троши“ времето, додека не ги сруши. Никој таму нога не клава, па се импровизира ракомет во школски сали. Ееее, ама тука, квалитет и ред не се добива. Се мачат момчињата и девојките, нешто да изградат, да го зачуваат ракометот во Прилеп…Но „Ѕид со глава не се турка“. Стојат салите – стои спортот. Се залажуваме ако мисли градот дека се развива и се’ оди во спортот ко подмачкано. А, ваму, во соседна Битола, сала ќе се гради при онолкава спортска функционална сала „Боро Чурлевски“ . И, дури имаат два врвни ракометни клуба. Тоа значи дека за неколку години Еурофарм Пелистер и вториот тим ќе добијат нов спортски дом, за 5000 гледачи,  кој ќе ги исполнува сите критериуми за играње.  Ехххх , Прилепе, мој “Без панталони, а со капа“ !

Но, не за џебе велат Каде што нема борба, нема победа!“ 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: