ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Крадец фатен на дело, „пленот“ вратен на сопственикот

271

На 29.01.2023 во 19.20 часот на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола-ОВР Прилеп го лишиле од слобода Џ.П.(40) од Прилеп. Тој бил затекнат при кражба од плац на правно лице во с.Кривогаштани. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 29.01.2023 во 06.30 часот во Полициското одделение Кривогаштани било пријавено дека во двор на правно лице во с.Кривогаштани биле фрлени две шишиња со запаллива течност, кои не предизвикале штета на објектот и паркираните возила. Увид бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.01.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Кеј 19 Септември“ во Прилеп настанал пожар во патничко моторно возило „фолкасваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, сопственост на М.И.(44) од Прилеп. Пожарот бил локализиран од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: