ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Мириса на титула за прилепските боксери од АС – прилепчани љубоморно ја чуваат првата позиција во младинската лига (ФОТО)

Уште малку и државни прваци во младинска конкуренција - БК АС Прилеп

462

Полека но сигурно “мириса” на титула за прилепскиот боксерски клуб АС во младинска конкуренција.Љубоморно прилепчани ја чуваат првата позиција во оваа конкуренција и по завршеното 5 коло. Останува уште овој викенд во Скопје да се стави печат на одличната сезона за пулените на тимот Чатлески кој макотрпно работи , клубот да ги постигне најдобрите резултати , што и се случува во оваа боксерска сезона.

Еве ги и резултатите од борбите во одиграното 5-то коло : Деца/48 кг Александар Панов (Пинк Пантер тим) – Бирџан Демиров (Фамилија Демирови) 3-0
54 кг Теодор Тошевски (Ас) – Рушан Алими (Хсан бег) 2-1 Кадети/50 кг Ебутали Рушев (Ф. Демирови) – Марко Петрески (Ас) 0-3, 52 кг Мердијан Алими (Хасан бег) – Метин Рамадани (Фајтер Илери) 2-0 ТКО Р157 кг Лука Трифуновиќ (Илинден) – Адријан Рустемовски (Пелистер 2007) 0-3 75 кг Влатко Василевски (Баргала) – Никола Кисковски (Универзалци) 3-080 кг Тео Тиков (Пинк пантер тим) – Матеј Чатлчески (Ас) 0-2 ТКО Р1 Јуниори/67 кг Енис Алиу (А. Огненовски) – Ружди Рустемовски (Пелистер 2007) 1-2 87 кг Христијан Рајков (Аперкат) – Јетмир Јахиу (Хасан бег) 0-3

Дваесет и осум бодови е предноста на БК АС  во однос на конкурентите за висок пласман , што значи пак дека титулата е на дофат и тоа за многу кратко време , викендов , кога прилепчани само ќе треба да го завршат започнатото , многу успех секако за сите овие храбри момчиња.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: