ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

„МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“ , изложба на Кирил Гегоски

164

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, на 23 декември, в петок,од 19.00 ќе биде отворена самостојната изложба на слики „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“  од академскиот  уметник Кирил Гегоски – Гегата. Изложбата на Гегоски е последна што ја реализира ЦК „Марко Цепенков“ во рамките на Годишната програма за работа за 2022 во ликовната дејност. Изложбата ќе биде поставена наредните 3 недели.

        „Изложбата „МОИТЕ СОНИШТА НА МОНУМЕНТАЛНИ ПЛАТНА“  претставува најнов циклус од творештвото на академскиот уметник Кирил Гегоски – Гегата. Негувајќи го долгогодишниот интерес за пејзажот уметникот создава апстрактно-асоцијативни содржини инспирирани од природата. Различната интерпретација и односот кон формата претставува  особеност во творештвото на уметникот. Па така, пејзажните структури и редуцирани форми се преобразуваат во женски акт. Линијата дополнително ја дефинира формата и го засилува карактерот на композицијата. Монументалните димензии на сликарски платна кои го сочинуваат неговиот најнов циклус,  претставува уште една раритетна одлика со која се разликува и се надополнува творечкиот опус на уметникот“Викторија Димеска, историчар на уметност.

            Кирил Гегоски е роден во 1944 година во Прилеп. Завршил средно уметничко училиште генерација 1959/1964 година во Скопје. Член е на ДЛУМ од 1968 година. Во во текот на 1979 година студиски престојувал во Париз, потоа во Италија, Грција, СССР, Франција и Полска. Во текот на својата богата творечка кариера има реализирано над 23 самостојни и над 30 групни изложби во земјата и странство. Кирил Гегоски е учествувал на многу домашни и интернационални сликарски колонии, а за своето творештво е наградуван многукратно. Годинава Гегоски ја доби најпрестижната општинска Третоноемвриска награда за животно дело – златна плакета, за животните достигнувања и афирмација на уметноста.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: