ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Нема повеќе правни пречки за рекламирање на општинските власти во приватните медиуми

143

Мораториумот за државно рекламирање на приватните телевизии, пракса што власта предводена од СДСМ ја прекина во 2017, а со закон ја забрани во 2018 година, се укина со измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што вчера беа усвоени на собраниска седница. Тоа е една од повеќето измени и практично значи враќање на буџетските пари на приватната медиумска сцена.

Во измените е наведено дека се брише членот 102 и со тоа за централната и за општинските власти повеќе нема правни пречки и може да се рекламираат во приватните радиодифузери

(Во измените е наведено дека се брише членот 102 во кој беше наведено „државните органи, органите на државната управа, јавните претпријатија, единиците на локалната самоуправа, јавните установи и институции како и правните лица со јавни овластувања и трговските друштва во целосна државна сопственост не смеат да предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку приватни радиодифузери“ и со тоа за централната и за општинските власти повеќе нема правни пречки и може да се рекламираат во приватните радиодифузери.)

За реклами определен е износот, „0,1 отсто од државниот буџет од даночните приходи утврдени во последната донесена завршна сметка на Буџетот“.

Бројките од завршната сметка на буџетот за 2022 година, како што пренесува порталот „Призма“, покажуваат дека за ланската година тоа би биле 2,3 милиони евра. Годинава, ако се поголеми даночните приходи, тоа се уште повеќе пари.

Во Законот се предвидува Владата во текот на една година да спроведе најмалку една државна кампања.

Министерството за информатичко општество и администрација ќе определува како ќе се делат парите меѓу телевизиите и радијата. Од предвидените средства, 40 отсто ќе можат да ги користат националните телевизии, 40 отсто кабелските и сателитски телевизии, 15 отсто регионалните и локални телевизии, и 5 отсто радијата.

Критериумите, според кои ќе се делат средствата се според висината на платените даноци, придонесите и други јавни давачки за претходната календарска година, како и бројот на вработени.

Освен централната власт и општините ќе може да се рекламираат и тоа ќе можат во текот на една календарска година да спроведат најмногу четири јавни кампањи на локално ниво за што ќе одлучува комисија составена од членови на општинските совети.

Парите за кампањите на општините ќе треба да бидат обезбедни од општинскиот буџет.

Новинарските здруженија се за да остане забраната за државни реклами

На овој Закон се противат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), од Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Совет за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонски институт за медиуми (МИМ), Институт за истражување на општествениот развој (РЕСИС), Институт за комуникациски студии (ИКС), Центар за развој на медиумите (ЦРМ), од каде уште пред неколку дена, преку соопштение, рекоа дека остро се спротиставуваат на укинувањето на забраната за државни реклами.

Тоа, според нив, ќе значи партиско влијание и зависност на медиумите.

Оттаму сметаат дека е крајно време да се формира Фонд за плурализам во медиумите, кој би поддржал квалитетно новинарство и разновидна програмска продукција во спротивност на државното рекламирање кое служи како алатка за политички влијание и контрола, како и да се земат предвид другите предложени можности како што е даночното ослободување за новинари и медиумски работници.

Законот со европско знаменце беше поднесен лани во ноември.

Првиот закон за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги е донесен во 2013 година и оттогаш е изменет уште 12 пати.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: