ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Одбележувањето на 64 години од смртта на Методија Андонов Ченто остана незабележано во неговиот роден град

784

Денеска се навршуваат 64 година од смртта на Методија Андонов Ченто, првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, човекот борец за македонската кауза , револуционер, државник, кој и покрај затворсите казни и 10 годишното робување,  не се откажал од идеите за самостојна и обединета Македонија.

Методија Андонов – Ченто е роден на 17 август 1902 година во Прилеп, а починал на 24 јули 1957 година.

Во својата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“ во близина на Петрич, а по ослободување од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 август 1944 година, тој е избран за претседател на ова највисоко државно тело. По ослободувањето на земјата почнуваа несогласиците со тогашниот македонски врв т. Ченто се противи 15-от македонски корпус да оди на сремскиот фрон, се залага за обединување и поголема самостојност на Македониј…и токму поради несогласувањата е осуден на 11 години затвор во Идризова…Пуштен е условно на 4 декемри 1955 година, каде за кратко време умира од рак на желудникот,24 јули 1957 година.

По повод 61-годишнината од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, денеска делегации од Ок на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, положија цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во центарот на Прилеп и истакнаа  „Ченто како прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со својот живот и дело, го трасира патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија. Слава му!-напишаа на нивната ФБ страна

Инаку, во Македонија долги години по смртта, Методија Андонов – Ченто бил табу тема и ретко бил спомнуван во историските книги и учебници, а и јавните разговори поврзани со него биле строго забранети. Во 1990 година, на барање на неговиот син Илија Андонов-Ченто, е обновен судскиот процес против него и на 22 октомври по повторената кривична пресуда, Окружниот суд во Скопје ја укина пресудата од 1946 година.

На 22 октомври 2010 година, претседателот на Република Македонија посмртно го одликувал Ченто со „Орден на Република Македонија“ орден кој го имаат само поранешните претседатели на Македонија и неколку реномирани македонски институции

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: