ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ПОБЕДА ПОКАЖА ДЕКА Е ЗРЕЛА ЗА ТИТУЛА

653

Заостанатиот натпревар од 14. коло на  Младинската фудбалска супер лига, екипата на Победа со 2:0 го доби против ривалот со звучно име, Шкупи. Домашните беа многу подобри, особено во првото полувреме, а не само резултатот, ами играта, акциите со шансите и головите беа на високо ниво. Прилепскиот тим покажа дека заслужува да е при врвот од табелата и зрел да ја освои титулата шампион, по долги 18 години, по сезоната 2003-04 кога тоа и успеа на генерацијата предводена од голманот Дарко Тофилоски, а тренер и тогаш и сега е Кирил Овезоски.

Првиот гол падна во 3. минута преку продор од десната страна и центаршут на Давид Иваноски до реализација на капитенот Михаил Јакопетревски. Вториот гол во 33. минута беше ремек дело, комбинација меѓу повеќе играчи, во завршницата додавање топка „со очи“ на Христијан Јосифоски до Филип Тодороски, кој, за да биде атракција, не шутира веднаш туку само замавнува,  измамува противнички играч и голман, потоа ја погодува небранетата мрежа.

Победа сега има 40 бода, само два помалку од водечкиот Вардар, но прилепскиот тим има заостанат натпревар, па доколку уште еднаш победи, ќе го преземе првото место. В недела, во редовното 19. коло Победа дома игра со Ренова.

Извор: www.shampion.mk

Видеа со головите на овој линк:

https://www.facebook.com/ShampionMK

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: