ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Претстава за паметење „Со нив, или без нив, сепак сме обични смртници“ на ,,Слободно театарче ” при СОУ “Ѓорче Петров“

472
Учениците од драмската секција ,,Слободно театарче ” при СОУ “Ѓорче Петров“ вечерва  ја одиграа драмската претстава  ,,Со нив, или без нив, сепак сме обични смртници ” по текст и режија на Филип Стојаноски и под менторство на  наставничката по македонски јазик, Билјана Тинтоска.
Претставата, низ  социо економските разлики во семејствата, говори дека не е важно материјалното што го имаме во животот, туку личностите кои ги  имаме во него. Станува збор за трагедија каде човек  прави  интроспекција на својот живот, непосредно набљудување на својот внатрешен живот, анализирање на сопствените дела, на минливоста на животот, голготата низ која минува  и на крајот кој некогаш толку грубо и неочекувано доаѓа.… Она што како поента остави впечаток кај присутните од оваа драмска изведба  е дека само во трагедии се сеќаваме што е важно во животот и дека како луѓе брзо продолжуваме по старо.
Претставата се изведе пред преполна сала од татарот „Војдан Чернодрински„ каде учениците – аматери добија аплаузи и овации за својот актерска  изведба.
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: