ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилепчанка, учесник на Олимпијада

2.128

Остануваат уште 100 дена до ОИ во Токио и веќе се формира олимпискиот македонски тим кој ќе земе учество на летните ОИ. Гордост за Прилеп е каратистката ПУЛЕКСЕНИЈА ЈОВАНОСКА, која е седмиот македонски спортист, учесник на Олимписките игри во ТОКИО 2020. Јованоска е Олимпискиот стипендист на МОК и членот на Карате федерацијата на Македонија, па како седми македонскиот спортист ќе учествува на Олимписките игри Токио 2020.

Пулексенија ќе настапи на 5 -ти август, во Нипон Будокан салата (Nippon Budokan), со почеток во 10:00 часот по Јапонско време или во 3:00 ч наутро по македонско време. Пуликсенија ја доби довербата од МОК и ИОК и доби покана за учество на ОИ ТОКИО 2020, во дисциплината Кати, што е посебна чести за неа и гордост за Прилеп.

Пулексенија Јованоска, беше прогласена за „Спортист на Прилеп за 2019 година“ .Таа претходната година беше петта на последниот Европски шампионат и најдобра во изборот на КФМ за 2019 година, со што, со право, 2019 ја понесе титулата Најдобар спортист на градот од каде започнува нејзината спортска и успешна кариера.

Олимписките игри, кои во својата историја за првпат беа одложени поради епидемија, ќе започнат на 23 јули во главниот град Токио!

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: