ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

РК Прилеп остана во Супрелигата, но се збогува со Шокоски и Гавашелишвили

370

Ракометарите на Прилеп во последното коло од суперлигашкиот плеј-аут, полесно од очекуваното дојдоа до победа против Голден Арт со 31:25. Двете екипи обезбедија опстанок во македонската елита, така што синоќешниот дуел во Прилеп немаше никакво резултатско значење. Но, овај  дуел беше последен меч на двата најклучни играчи на РК Прилеп – збогум на екипата и кажаа, капитенот Давор Шокоски и грузискиот репрезентативец, Миран Гавашелишвили, двата одлични бека на РК Прилеп, кои веќе три сезони беа дел од екипата.

 

Пред започнувањето на дуелот, од страна на раководството на домашниот клуб беа доделени благодарници за двајца ракометари кои своите кариери ќе ги градат во друг клуб.

Дали ова значи нови ракометни маки за составување на тим на прилепскиот ракометен клуб  за идната сезона или РК Прилеп планира нови засилувања идната година , останува тоа да го потврди раководството на тимот, кои во оваа натпреварувачка сезона со скромниот буџет кој име беше на располагање, правеше напори да го одржи тимот во „живот„.

За прилепскиот тим ова беше седми триумф,  а во оваа сезониј аиздвојуваа два реми натпреври и имаа пет порази.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: