ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Се’ е подготвено за утрешниот турнир во пеливанство во с.Дебреште

2.691

Во с. Дебреште, Општина Долнени , утре, (недела, 23 април),  ќе се одржи традиционалниот турнир за пеливани – традиционално борење, кое се негува и одржува пет века на овие простори.

На турнирот ќе учествуваат над 100-на пеливани од Македонија, Турција,  Албанија и Бугарија. Турнирот е во  организација на “Младинското здружение Дебреште„, а ќе се одржи под покровителство на Општина Долнени. Турнирот во пеливанство започнува во 10 часот на стадионот, а за најдобрите пеливани следуваат вредни награди.

Пеливанството во селото Дебреште е нешто повеќе од спортско натпреварување. Тоа е незаборавна манифестација, привлечна за туристи и посетители, вљубеници во борењето. Тоа е вештина во борење кога силни момци, голи до половината, во кожени пантолони и подмачкани со маст (масло) се борат и ја потврдуваат својата сила.

Речиси, скоро секој трет жител, на селото е пеливан, подготвен да се впушти во предизвикот наречен пеливанство, што е посебна чест и гордост. Овој интересен спорт има многу долга традиција во Македонија, а посебно ја негуваат припадниците на муслиманската религија.

фото/Пеливани с. Дебреште 2022 г.

 

Појавата на пеливанството во нашиот регион е поврзана со пристигнувањето на Турците, а зборот пеливан потекнува од персискиот збор „пелеван“ што значи херој. Во широка смисла на зборот, pelivan означува човек со извонредна физичка способност, кој се занимава со специфична народна форма на борење.

Пеливаните се борат со придружба на зурли и тапани. Борбите се одвиваат на отворен тревен терен. Пеливаните влегуваат во “бојното поле“ и со посебни зафати почнуваат да се “тепаат”. Пеливан губи борба ако го допре теренот и со двете рамења, прави мост или полу – мост позиција, се крева од земја до висина на колената или повисоко, или ја предава борбата од која било причина.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: