ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Успешно помина второто издание на меѓународниот меморијален пингпонгарски турнир Илија Карески – Каре (ВИДЕО +ФОТО)

Четири пехари останаа дома а еден замина во соседството

234

Успешно помина второто издание на меѓународниот пингпонгарски турнир “Илија Карески – Каре” во Прилеп.Одличен настап на македонските пингпонгари каде Хасану во категоријата сениорки го освои златото , откако во завршницата беше подобра од Стојаноска , Димитриевска и Ковачевска.Кај ветераните пехарите завршија кај македонските учесници.Манасиески беше најдобар кај пинпонгарите од 40 до 49 години пред Ласка од Албанија , Гркоски и Љамов од Македонија.Во групата ветерани од 50 до 64 години триумфираше Сашо Љамов пред Ристо Темелков м Мартин Калески од Македонија  и Вирон Махмутај од Албанија.Кај ветераните над 65 години прв беше Петар Јованоски а наградени беа и Ангел Симовски , Трајче Унчев и Томе Петков ( сите од Македонија ).Еден од пехарите заврши кај Душан Павловиќ ( Стак Нови Београд) во категоријата сениори.Пласман во оваа конкуренција имаа и Мурат Куртулуз (Косово), Арон Кони (Албанија)  и Кејди Калај (Албанија).

Ова беше второто издание на турнирот кој не само по прикажаното како “спортски мегдан” , масовноста , го положи испитот и на организациски план.Прилепскиот клуб Младост 96 одлично ги организираше натпреварите во салата од основното училиште Добре Јованоски и сигурно дека овој меморијален турнир прераснува во традиционален а екипата на Радио Пела , се заблагодарува за досегашната соработка со клубот кој  заедно со нашиот медиум испиша и шампионска историја а веруваме дека и во иднина заеднички ќе ги бележиме успесите на прилепскиот пин-понг.

Во продолжение и потсетување на историскиот пренос во живо од шампионското финале за сезоната 2020/2021 кога двете прилепски екипи решаваа за титутлата државен првак а тимот на Радио Пела успешно го реализираше сетоа тоа.

 

 

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: