ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јавно да проговориме кои се проблемите и решенијата во тутунопроизводството!!!

693

Поведени од состојбите во тутунопроизводството, продукцијата, откупот и решавањето на прашањата кои се законска легислатива за единствениот земјоделски производ кој што е регулиран со закон, тутунарите организираат трибина во Прилеп.

Иницијатори за јавната трибина се новоформирани тутунски здружениja кои имаат идеја да ги покренат сите отворени прашања пред почетокот на новата реколта, која според сите показатели ќе биде пресудна за 30 илјади земјоделски домаќинства кои дирекно или индирекно зависат од оваа индустриска култура.

Трибината на тема „ПРОБЛЕМИ И РЕШЕНИЈА ВО ТУТУНОПРОИЗВОДСТВОТО“ ќе се одржи на 19 ти февруари, в сабота, во конференциската сала на Градската библиотека Борка Талески Прилеп од 17 часот.

Настанот ќе се реализира според актуелните протоколи за заштита од Ковид 19, што значи дека бројот е ограничен, а сите присутни треба да поседуваат валиден Ковид сертификат.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: