ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Прилеп домаќин на научни собири и работилница од областа на истражувањето и заштита на културното наследство

324

Утре, на 26 мај,  и в петок 30-тина  научници од земјава во организација на Институтот за старословенска култура од Прилеп ќе говорат на теми кои се од областа на истражувањето и заштита на културното наследство. Воедно, на 28 ми мај ќе се одржи работилница на манастирот Успение на Пресвета Богородица Трескавец.  Првиот научен собир е насловен „Методологија на научноистражувачката работа користена при истражувањето на културното наследство во нашава држава“. Целта е да се изнајдат соодветни решенија за правна  и практичната заштита на субјектите од материјалното и духовното културно наследство кои се предмет на научните истражувања на различни полиња: археологијата, историјата на уметноста, етнологијата, лингвистиката и историјата.

Вториот научен собир ќе ја третира темата на „Сеопфатна заштита на материјалното културно наследство засновано врз мултидисциплинарни научни сознанија“ , така што низ научна дебата ќе се расправа за моменталните состојби и правци на развиток , а ќе биде организиран во рамките на шест
тематски целини: археологија, историја на уметноста, етнологија, лингвистика, историја на архитектура и правно-институционални аспекти на проучувањето на културното наследство. А, в сабота, на 28 мај,  во манастирот Трескавец, практично, преку работилница ќе бидат во фокус проблемите со кои се соочуваат истражувачите при заштитата на културното наследство.

„Имаме евидентни пропусти во правната, законската заштита на културното наследство, а недостасува и соодветна финансиска поддршка на научно-истражувачката работа. Работилницата на манастирот Трескавец е повеќе тркалезна маса на која сите чинители ќе може да ги истакнат сите проблеми, аспекти и конструктивни приоди за решавањето на проблемите. Тие може соодветно да се илустрираат на културниот комплекс Трескавец,“ посочи Бранислав Ристески, директор на Институтот за старословенска култура на денешната прес конференција.

Научните собири се поддржани од Министерствата за образование и наука и за култура.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: