ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Да дадеме поддршка на лицата со аутизам и на нивните семејства

1.075

Денеска е светски ден за подигнување на свеста и поддршка на лицата со аутизам и нивните семејства. На плоштадот „Методија Андонов Ченто“во организација на Асоцијација „Ластовица“ и ООУ „Климент Охридски се одржа завршниот настан во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“.
ООУ „Климент Охридски“ со поддршка на Локалната самоуправа организираше низа активности и тоа работилници, дискусии, изготвување на промотивен материјал, изложба за поддршка и подигнување на свеста за лицата со аудизам и нивните семејства.
– Целта е подигнување на свесноста за аутизмот, свесноста за попреченоста. Проектот вклучува активности и за другите попречености. Инаку, точната бројка на лица со аутизам до денеска не е позната. Се фигурира со некоја бројка од 12 до 15 илјади на ниво на Македонија. Сега имаме бројка на дијагностицирани деца, но оние деца кои се пораснати сеуште не го знаеме. Проблем е големиот број на нови случаи. Тенденцијата е да ја прифатиме различноста, состојбата е долготрајна и доживотна и да научиме да живееме со тоа. Најсреќна сум што од синоќа го осветливме Градскиот саат во сино, и се надевам дека оваа традиција ќе остане за едноставно да бидеме видени од сите, рече Светлана Миоковиќ Томеска од невладината организација „Ластовица“.
– Процесот на социјализација на лицата со аутизам не е лесен, затоа е потребна поддршка од пошироката заедница.. Сакам да дадеме поддршка на лицата со аутизам, свесни сме со кои потешкотии се среќаваат во семејствата и како луѓе кои што сме дел од општеството можеме барем малку да им олесниме и да им помогнеме, потенцираше Јулијана Талеска наставник по македонски јазик, вклучена во проектот.
Аутизмот е невроразвојно нарушување кое значајно влијае врз способноста на комуникација и социјална интеракција. Се карактеризира со ограничено и повторливо однесување. За разлика од минатото, кога проценките биле дека од аутизам страда 1 на 10.000 илјади деца, денес се смета дека 1 од 100 деца развиваат аутизам.
Раното откривање на аутизмот и навремениот третман се многу битни за понатамошниот тек на животот, бидејќи на детето му се помага да стекне одредени социјални вештини и самостојност.
Родителите треба да се консултираат со лекар ако забележат дека детето не се смее и не покажува реакции на среќа до шестиот месец.
Денешниот датум, 2-ри април, со резолуција на Обединетите нации од 2007-ма година се одбележува како Светски ден на аутизмот. Ширум светот се испраќаат пораки за поголема грижа од надлежните, повисока свест од општеството, подобри услови во градинките и училиштата за децата со аутизам.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: