ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Деспина со нов триумф на домашен терен и трето место на табелата

724

Ракометарките на Деспина во рамките од 8. коло од Женската лига триумфираа против Кузман Вардар со 35:22. Со новите освоени бодови, Деспина се зацврсти на третото место на табелата во Групата А од Супер женската прва лига,со 15  бодови, шест помалку од второпласираниот Чаир .

На денешниот натпревар екипата на Депсина беше во водство во текот на целиот натпревар. Богојеска и Гулеска отворија за 2:0, а избраничките на Страшо Илиески не дозволија да бидат изненадени во продолжение и рутински го контролираа резултатот. Деспина најчесто имаше водство од четири до шест гола предност, додека на полувреме резултатот беше 17:11 за домашната екипа.

 

Во вториот дел со два гола во низа, Кузман Вардар намали на минус пет, 13:18.  Ракометарките на Деспина во текот на 37. минута повторно се вратија на плус шест, 21:14. На петнаесетина минути пред крајот, Деспина имаше водство од 24:16, тука беше сосема јасно дека домаќинките ќе ги задржат бодовите на свое конто.

 

Најефикасна на натпреварот беше ракометарката од Деспина, Ангела Камческа со десет гола. Во составот на Кузман Вардар листата на стрелци ги предводеше Ивана Стојмановска со седум гола.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: