ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Синоќа доделена 3-ти Ноември, „Златна плакета“ за дуетот Селимова-Желчески

564

На свечената седница на Советот на Општина Прилеп која се одржа во големата сала на ЦК „Марко Цепенков“, по повод Денот на ослободувањето на Прилеп 3-ти Ноември, пред присуство на голем број гости, советниците на Општина Прилеп , наградените, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и пратеници синоќа на здруженија и поединци им беа доделени плакети и дипломи  ““-ти Ноември“,награди кои ги доделува градот за заслужни поедници или здруженија,кои дали сој придонес во развоји афирмација на градот

Годинешната награда за животно дело „Златна плакета“,беше доделна на дуетот Кевсер Селимова – Ѓорѓи Желчески за нивните достигнувања во промоција на македонската музика надвор од границите на нашата држава.Во своето Селимова –  Желчески прествување ја искажаа големата благодарност и здоволство од наградата,која градот, родното место на Ѓорѓи Желчески, им ја додлува.Па, како што знаат најдобор врвните уметниците, ја наградија публиката со убава македоска песна,од својот богат репертоар.

На Свечената седница на Советот на Општина Прилеп свое обраќање пред членовите на општинскиот Совет, добитниците на наградите и останатите присутни, имаше и градоначалникот на Прилеп , Илија Јованоски кој истакна дека, во денешната слобода, своите животи ги вградиле над 650 прилепчани.Јованоски рече дека битката за економски развој, за нови работи места и запирање на иселувањето на младите, за модернизација и урбанизација на секој дел од градот, за сестран инфраструктурен, образовен, културен и спортски развој на Прилеп, се води секој нов ден.

„Работиме максимално посветено, на сите полиња од животот. И ќе продолжиме, бидејќи имаме заедничка цел – Прилеп да стане лидер во современото живеење, во примената на европските стандарди. Враќајќи ја слободата во општеството, отворајќи ги повторно вратите на демократијата, ние заедно чекориме во новата сегашност. Го продолжуваме аманетот на хероите, но градиме и сигурна иднина за поколенијата“, потенцираше во своето обраќање градоначалникот Илија Јованоски.

Синоќа Награди Плакети „3-ти Ноември“ им беа доделени и на Ротари клубот, здружението „Ромска солза“, Центарот за современа ликовна уметност, џудо клубот „Сеишин“ и планинарското спортско здружение „Козјак“.

А,со дипломи „3-ти Ноември“ беа наградени подеинци; историчарот Рубин Белчески, докторот Владо Ѓорѓиески, саатчијата Димитар Чучуроски, наставнничката Сузана Николоска, уметникот Драгомир Михајлоски – Пижа, џудистката Теодора Ристеска, поетесата Снежана Паноска и каратистката Валентина Пурдеска.

На синоќешното доделување на Третоноемвриските награди  гости на Свечената седница беа претставници од Општина Куманово и градоначалникот Максим .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: