ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Итна седница на Совет со забелешки од опозицијата

4.968

Денешната, 2-ра седница по ред, на Советот на Општина Прилеп започна со забелешки од двајцата советници од Левица кои сметаа дека, и на оваа, и на првата  седница, е прекрешен деловникот за работа. Тие  од говорница сакаа да бидат информирани зошто оваа 2-ра седница е закажана во рок од 3 дена, наместо, според деловникот за раобта, во рок од  7 дена од нејзиното одржување . Сметаа дека изборот на претседател на Совет е направен, исто така , неделовнички и побараа пресакажување на првата седница на Совет на Општина Прилеп, бидјеќи,  како што рекоа тие, „никој не ги идентификувал советниците при верификацијата на мандатот за членови на Советот на Општина Прилеп, со што не е јасно дали се тие идните советници на Советот“

 

Со оглед на тоа што дневниот ред беше усвоен и на првата и на втората седница, во присуство на сите советници,  нивните забелешки во однос на деловноста на работењето на Советот, останаа само регистрирана во записникот. Советниците од Левица, Методија Костоски и Иван Јованоски,  бараат во иднина советниците да бида навремено информирани за одржување на Седниците на Совет, навремено да ги добиваат матерјалите за работа , и задолжително, секој советник на седница да  има акредитација со која би се идентификувал како советник на Советот на Општина Прилеп.

Претседателот на Совет на оптштина Прилеп, Дејан Проданоски при овие забелешки , образложи зошто оваа Седница е итна, објаснувајќи дека само за два дена треба да се одржи Свечената Седница на Совет, поради празникот 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, кога на заслужни граѓани на градот им се доделуваат признанија и благодарници, кои ги доделува токму ,институцијата, Совет на Општина Приелп, а потоа пристапи кон утврдување на дневниот ред, каде беа избрани членови и претседатели на комисии кои работата во рамките на Советот и беа именувани членови на Советот кои учествуваат при склучување на брак.

На почетокот на Седницата советниците од Левица, бараа седницата да ја снимаат јавно и да имаат видео запис, но тоа не им беше дозволено од Претседателот на Советот, која потенцира дека Советот сеуште нема донесено одлука за јавно пренесување на седниците.

Критики за организирањето на седницата и деловникот за работа упати и советникот од СДСМ кој побара пропорционална застапеност на членовите во комисиите од Советот, наместо 4 членови од ВМРО ДПМНЕ и еден од опозицијата, како што беше направен изборот и изгласан на Совет . На крајот од седницата беше усвоена и точката за изработка на програми за работа на Советот на Општина Прилеп за перид од 2021 до 2025 година .

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: