ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЈОВЧЕСКИ: ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!

748
Денеска со допис до медиумите се обрати кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ за Прилеп, д-р Борче Јовчески и напиша:
„Почитувани мои прилепчани, веќе навлегуваме во последните денови од оваа кампања. Остварив средба со неколку илјади сограѓани од сите целни групи… и еден е заклучокот: ПОБЕДУВАМЕ!
ПОБЕДУВАМЕ и тоа убедливо… пораките од стопанствениците, наставниците, социјалните, здравствени, културните работници, спортистите и НЕВРАБОТЕНИТЕ (а, излажани последните четири години) е : ДОСТА НÈ ЛАЖЕВТЕ!
Дури се случувало во една фамилија последниве неколку 10 дена да се ветуваат и по пет вработувања. (Заборавајќи дека во нив има и малолетни). Можеби тоа го прават во паника, знаејќи ги резултатите од анкетите и од нивните посети по Вашите домови… ?!
За разлика од нив, моето ветување кон сите беше едноставно: Прилеп ќе биде повторно одлично место за живеење, во кое стопанството ќе се развива нормално без притисоци, ДУП-овите ќе се носат без ,,притисок” од некои профитери, а мојата канцеларија нема да е само од тесен круг на луѓе, туку од сите ВАС!
Мојата победа ќе е и Ваша победа.„- со допис до медиумите се обрати кандидатот за градоначалник од ВМРО ДПМНЕ заПрилеп, д-р Борче Јовчески
Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: