ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Јовчески: Прилеп е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пивофест 2022

444

Преземени се сите превентивни мерки, организацијата е на високо ниво за 18 тото издание на Пиво- Фест 2022 да понуди забава, вкусна храна и пиво, уверуваат организаторот – продукцијата „Арт 10“ и градските власти. На над 3 500 метри квадратни веќе се поставуваат штандовите, а обезбеден е паркинг за гостите надвор од Прилеп да можат да го проследат четиридневниот фестивал кој оваа година ќе го враќа епитот на најголема балканска забава на отворено.

„Градот е максимално подготвен за најголемата забава во Македонија – Пивофест 2022.  Обезбедивме доволен број на паркинг места. Уште на влезовите на градот ќе бидат пречекани оние кои планираат овој продолжен викенд да го посетат Прилеп.  И, во однос на јавниот ред и мир, и во однос на чистотата, и во однос на хигиената  на градот и во однос на водоснабдувањето, благодарение на работењето на јавните комунални претпријатија, сме максимално подготвени.  Очекуваме над 100 илјади гости во четирите фестивалски денови. Тоа е бројка за почит и е добра за локалната економија, не само на Прилеп, туку и за целиот пелагониски регион,“ посочи градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески на денешната прес-конференција.

 Програмата е веќе позната, а целта е да се промовира домашната македонска естрада во рамки на четирите фестивалски вечери .

„Очекуваме да се врати сјајот на една од најголемите летни забавни фестивалски манифестации „Пивофест“. Пожеби поскромни од претходните години, но нема да изостанат забавите и релаксацијата сите четири фестивалски дена. На посетителите им се нудат вкусна скара, дегустација на 30-тина видови пиво. Од музички аспект доминираат македонските изведувачи, но ги има и од соседните земји,“ рече  Пеце Стојкоски од „Арт 10“ продукцијата, организатор на Фестивалот.

Утре, на 14 јули, програмата на главната сцена започнува во 18 часот, а настапуваат: Елена Петреска, Балканика, Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Наум Петрески, Љубојна, ДНК, Џамбо Агушев оркестра, додека пак на алтернативната сцена ќе настапи DJ Mario Eddie.

 

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: