ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Лајонсите донираа опрема за очното одделение во Градската болница

434

Интернационалната асоцијација Лајонс донираа опрема за потребите на очното одделение при Градската болница Прилеп. На овој начин продолжува меѓусебната соработка во интерес на граѓаните посочи Кети Смилеска, директор на Градската болница заблагодарувајќи се на донацијата. Опремата е наменета за кабинетот за ортооприка во кој што се дијагностицираат и лечат детските пациенти. Овој кабинет има традиција од над 40 години, посочи др Дејан Ристески, началник на одделението за очни болести во Градската болница „Борка Талески“ Прилеп.

– Во кабинетот се користи одредена опрема која по одреден период се амортизира. Поради тоа исклучително е добредојдена опремата, да се обезбеди донација и да се обезбедат одредени апарати за работата на тој кабинет ортооптика и плеоптика. Со оваа донација ние добивме 2 апарати од кои едниот е биомикроскоп на кој се вршат испитувања за состојбата на очите на нашите мали пациенти и добивме апарат – плеоптофор кој користи во дијагностички цели и во терапевтски цели за лекување на слабовидоста која што ја имаме кај одреден процент на деца. Светските статистики велат дека околу 4 отсто од младата популација се соочува со слаб вид на едното око, што ако благовремено се дијагностицира може успешно да се лечи за да се добие подеднаков вид на двете очи. Покрај овие 2 апарати добивме и пробен сет со пробни стакла кој ќе биде добредојден заради амортизираноста на нашите досегашни сетови. Овој сет ќе се користи во истиот кабинет за одредување на диоптријата и видната острина нанашите пациенти, посочи д-р Ристески.

Донацијата на двата апарати и сетот од стакла за одредување на диоптрија, е само продолжување на соработката меѓу Лајонсите и прилепската болница, но и со другите здравствени установи во Македонија.

– Интернационалната асоцијација на Лајонси и Дистрикт 132, прилепскиот локален клуб кој е дел од таа глобална организација, работиме во интерес на пациенти, во интерес на луѓе кои им треба помош. Оваа донација е на ниво на Дистрикт 132 и ја даваме за потребите на очното одделение. Кога излезе идејата да се направи проект, јас ја прифатив широко од причини што ние на светско ниво се нарекуваме „Витези на слепилото“ и секогаш приоритет имаме и помагаме на слабовидни и на слепи лица. Многу убава спојка се направи со овој проект зашто прво помагаме на слабовидни, на пациенти не само од Прилеп туку и пошироко од целиот регион и тоа што се прегледуваат деца. Јас сум детски стоматолог и за мене децата се на прво место во секој поглед, рече Весна Пацаноска, новоназначена гувернерка на Лајонс Дистрикт 132 за Македонија.

Инаку, Лајонсите пред неколку години врз основа на соработка со други меѓународни организации спровеле широк скрининг за детектирање на слабовидност кај децата на територија на цела Македонија.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: