ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

ЛО ЛЕВИЦА Прилеп:„Во Прилеп и законот и криминалот се во рацете на полицијата„

(ВИДЕО) Советникот на Левица дискутираше за безбедносната состојба на 12 Седница на Советот на Оптшина Прилеп

458

Левица од Прилеп во соопштение до јавноста по одржаната 12 -та Седница на Советотот на Општина Прилеп тврда дека „ПАРТИЗИРАНОСТА НА ПС ПРИЛЕП ГО НАПРАВИ ДУВЛО НА НЕКОМПЕТЕНТНИ РАКОВОДНИ КАДРИ КОИ ЕДИНСТВЕНО ИЗИГРУВААТ НЕМИ САТРАПИ НА ЛОКАЛНИ МОЌНИЦИ„

Во соопштението Левица додаваат ;„На седницата на Советот на Општина Прилеп одржана на 7 јуни 2022 г. добивме читање на извештај за безбедноста на Прилеп и за решавање на криминалот од страна на Дарко Цуцулоски, командир на ПС Прилеп. Во извештајот се спомнуваат смешни количини на запленети дроги а сторителите на делото се шетаат слободно; исто се навестува дека криминалот во Прилеп е паднат, но се изоставуваат случаеви како неодамнешни кражби, палење на автомобили и КИДНАПИРАЊЕ на дете. Случаеви коишто не се произнесуваат во јавноста а укажуваат дека во Прилеп и законот и криминалот се во рацете на полицијата.„ се вели во соопштението на ЛО Левица Прилеп
Во прилог ви го прикажуваме видео записот од седницата каде советникот од ЛО Левица Прилеп, Иван Јованоски даде свое излагање:

 

Активностите се дел од проектот „Поддршка на изборни реформи” на Владата на Швајцарија, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС). Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на донаторот, проектот или имплементаторот #CHinMK

Vivafarm
Comments
Вчитување...

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе