ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Mладинскиот тим на Победа денеска на потег до успехот во Лигата на Шампиони

379

Да им поскаме среќа во квалификациониот реваншен дел и да навиваме – денеска, младинскиот тим на Победа, од 14:00 ч. на комплексот на ФФМ во Скопје, го играат реванш дуелот од првото квалификациско коло од младинската Лига на Шампиони, против претставникот од Северна Ирска, тимот на Колерајн.

Прилепчани имаат негатива од 3:2 од првиот дуел одигран на гостински терен, минатата недела, но импресиите од истиот се дека противникот не е непобедлив и дека може на дмашен терен да биде елиминиран.

И, токму денеска , младинците на Победа ја имаат таа можност, златна, историска шанса да бидат првиот македонски тим кој што минал едно коло од ова натпреварување ,за да не  бидат само спаринг партнер во ова високо младинско фудбалско натпрување, во кое претходно не претставуваа Вардар и Шкендија.

Победата на младинскио тим на Победа во овој дуел би било шанса македонските младински екипни состави да ја променат праксата и македонските  претставници да бидат дел од ова натпреварување со далеку посериозна улога.

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: