ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Николоски: Предвидуваме проект „Енергетски ефикасен Прилеп“

607

Кандидатот за советник од редовите на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Игор Николоски, претстави дел од изборната програма:

„Програмата со која излегуваме пред вас, е победничка програма која опфаќа проекти во различни области што ќе значат трансформација на Прилеп во модерен град.Во нашата програма посветуваме сериозно внимание на енергетската ефикасност, по примерот на многу развиени општини, следејќи ги најмодерните трендови. За таа цел, предвидуваме проект кој гласи Енергетски ефикасен Прилеп.

Ќе воспоставиме механизам за користење на обновливите извори на енергија. На сите објекти кои се во надлежност на Локалната самоуправа ќе бидат поставени фотоволтаични панели за производство на електрична енергија (производство на сопствена електрична енергија) и замена на начинот на затоплување на истите објекти. Предвидуваме изработка на проект и постепено заменување на уличното осветлување со светилки на погон на обновливи извори на енергија.

Сите училишта во градот ќе добијат енергетско ефикасни фасади и фотоволтаични панели. Истото ќе го направиме и за градинките во градот,“ посочи кандидатот за советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за Прилеп, Игор Николоски.

https://www.facebook.com/okprilep/videos/2714966452137814

https://www.facebook.com/okprilep/videos/2714966452137814

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: