CSS Template

Почист воздух – приоритет на младите во Програмата за млади

263
Avtokontrol1

Претставници од Општина Прилеп, Коалицијата на младински организации СЕГА и граѓанските организации оддржа средба со цел формирање на Совет за млади, кој ќе ги решава прашањата на младите во општината.  „Целта е подготовка и креирање на Годишната програма за млади“- вели, Цвете Станоjoска, преставникот од Општина Прилеп, од ЛЕР:

„Оваа програма ја изработуваме заедно со коалиција СЕГА. Досега се одржани средби со три фокус групи: суденти, средношколци и невладини организации за денска да се собереме и да дефинираме кои се потребите и проблемите на младите во Општина Прилеп ,кои би се решавале со годишната програма на млади за 2019/2020 г.“

 

Маја Стефаноска, од Коалиција СЕГА, нагласи дека итно е потреба програма во кои би биле вметнати проблмите и потребите на млади од Општината

„Оваа стратегија има за цел да ги вклучи младите во донесувањето на одлуки на локално ниво, односно да се слушнат интересите на младите, нивите потреби и нивните желби ,а истовремено и да предложиме некој предлог -мерки  ,како здруженија и млади,к ој подоцна општината може да ги стави во Годишната програма за млади “

Младите велат дека има многу прашања, кои се од нивни  интерес и кои треба заедницата да ги решава за подобра иднина на младаа популација:

„Загаувањето на воздухот е еден од проблемите.Тоа би требало да биде приоритет во Програмата “

 

„Студенскиот живот и едукацијата, е проблем кои треба да се третира!Јас студирам во Словенија, Љубљана„ и можам да направам споредба и сметам дека овде треба да се подобрат условите на студените за стекнување подобри вештини„

 

Годишната програма за млади во Прилеп би опфатила период од 2019 до 2020 г.

 


semm
Farma Dolneni
Vivafarm